Фати потпиша нов договор со Барса со 400 милиони евра откупна клаузула

by
1 минути читање

Големата надеж на
Барселона, 17 годишниот Ансу Фати потпиша нов, долгогодишен договор со
Каталонците во кој е вклучено и 400 милиони евра откупна клаузула, со ова
дефинитивно се решија сите дилеми за крилниот напаѓач кој ветува многу.

Фати, кој сега ќе
го носи дресот со број „22“, претходно носен од Артуро Видал, стави потпис на
нов договор со клубот од „Камп ноу“ во кој се обврза на верност до 2024.
година, откако остави одлични импресии ланската сезона.

Претходниот
договор на Фати истекуваше за две години, меѓутоа тинејџерот доби подобри
услови во новиот договор, а се очекува неговата улога во играта на Каталонците
да добие уште поголема димензија во новата сезона.

Фати запиша 42
настапи за Барселона во сите конкуренции, постигнувајќи 12 погодоци, а веќе
заработи и два повика од најдобрата национална селекција на Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани