Фати даде гол, почна да се радува па се сецна, му текна што се случи претходно и им се извини на фановите на Кадиз (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Околу 80та минута мечот меѓу Кадиз и Барселона се прекина, фан на домашниот тим доживеа срцев удар па лекарите го спасуваа неговиот живот.

Прекинот траеше дури 45 минута, а атмосферата на трибините беше траорна.

Откако состојбата на навивачот се нормализираше и тој беше однесен во болница, натпреварот продолжи.

Брзо откако продолжи мечот, Фати даде гол, тргна да се радува, но брзо се сети што се случуваше претходно, застана и им се извини на фановите на Кадиз.

Потоа гол даде и Дембеле, но тој не ја направи грешката на Фати, не го прослави погодокот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК

Можно е и ова да ти се допаѓа

×