Фановите на Наполи сонуваат за Скудето, веќе со години се блиску до врвот но никако да завршат на првото место.
„Сите очекуваат од нас да го направиме тоа, но нема да биде лесно. Фановите го сакаат Скудетото, но не е лесно. Ќе биде екстремно тешко за нас да завршиме во топ четири бидејќи ќе немма предност од девет бода на стартот над Јувентус, или голема предност со Рома и Лацио“, вели Спалети.
„Во изминатата сезона имавме одлични резултати, бевме во зоната за Лига на шампиони од почеток до крај. Имаше натпревари каде можевме повеќе и тоа боли“.
Наполи го загуби капитенот Лоренцо Инсиње кој замина во Торонто, се очекува да го загубат и Дрис Мертенс кога неговиот договор ќе истече на 30 јуни.
Нејасна е иднината на Кулибали, Осимен и Руиз за кои има интерес од други клубови.
Во моментов се изгледа како Наполи да ги губи амбициите.