Фановите на Јунајтед расистчки ги навредуваа своите фудбалери, клубот излезе со соопштение

by
1 минути читање

По одличната форма, еден кикс беше доволен за фановите на Манчестер јунајтед да збеснат на социјалните мрежи. Дел од нив имаа серија расистички твитови против Марсијал и Туанзебе.

Клубот излезе со соопштение и остро ги осуди расистите.

„Сите во Манчестер јунајтед се згрозени од расистичките навреди кои ги добиваа дел од нашите фудбалери по вчерашниот меч. Ние целосно го осудуваме тоа и охрабрувачки е да се види како други фанови преку социјалните медиуми исто така ги осудуваат ваквите испади“. 

„Манчестер јунајтед има нулта толеранција за било која форма на расизам и дискриминација и има долгогодишна кампања против тоа преку нашата иницијатива „Сите црвени се исти“.

„Идентификувањето на овие анонимни идиоти останува проблематично. Ние ги повикуваме социјалните медиумски иплатформи и регулаторните авторитети да ги зајакнат мерките за спречување на вакво однесување“, стои во соопштението на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×