Фановите на Фенербахче го провоцираа Динамо Киев скандирајќи „Владимир Путин“, на крајот плачеа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Владимир Путин е најомразениот лик во Украина, Русија од 24 февруари врши жестока агресија врз својот сосед.

Навивачите на Фенербахче се обидоа да удрат каде што најмногу боли, па од трибините го извикуваа името на Владимир Путин.

Сепак на крајот тие беа разочарани, а Украинците среќни.

Првиот меч заврши 0-0, а вчерашниот во регуларните 90 беше 1-1. Се играа продолженија во кои Динамо Киев даде уште еден гол и оди понатаму во квалификациите од Лигата на шампионите, а Фенербахче испадна, турскиот тим се префрла во квалификациите од Лига Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×