Фановите на Баерн истакнаа транспарент против кралицата Елизабета (ФОТО)

by
1 минути читање

По смртта на кралицата Елизабета, во Велика Британија беа одложени сите фудбалски натпревари. А се одложуваат мечеви и во европските натпреварувања, како што е дуелот меѓу Арсенал и ПСВ во Лига Европа.

Мечот од Лигата на шампионите меѓу Ренџерс и Наполи се одложи за еден ден, наместо вчера ќе се игра денеска, но без гостински навивачи.

Премиерлигата ќе продолжи викендов, но три меча нема да се играат вклучувајќи го и дербито меѓу Челси и Ливерпул.

Во 26. минута од мечот против Барселона, навивачите на Баерн Минхен истакнаа транспарент на кој пишуваше: „Во последен момент одложувања на натпревари и забрани поради кралска смрт. Почитувајте ги навивачите“.

Иако одложувањата на мечевите немаат влијание врз Баерн Минхен, навивачите на германскиот клуб го кажаа својот став за последните случувања.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК


Можно е и ова да ти се допаѓа

×