Фановите на Атлетик фрлаа лажни пари и бараа Барса да биде исфрлена во втора лига поради случајот Негреира (ФОТО)

by
1 минути читање

Барселона е обвинета дека поранешните претседатели, Росел и Бартомеу му плаќале на поранешниот потпретседател на судискиот комитет, Енрикез Негреира во обид да имаат влијание врз судењето на натпреварите.

Доколку се докаже дека тоа е точно, Барселона треба да добие сериозна казна, од одземање на бодови до преселба во понизок ранг.

На вчерашното дерби меѓу Атлетик Билбао и Барселона, домашните навивачи го кажаа својот став.

Тие направија лажни пари на кои е логото на Барселона и пишува „мафија“ и ги фрлаа за време на мечот. Скандираа и „втора лига“, сакајќи да кажат дека каталонскиот клуб треба да биде исфрлен во ранг подолу.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани