Фановите фаќаат сеир: Серија А станува – пензионерски дом! (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Водечките тимови во италијанскиот фудбал со години наназад се потпираат на поиускусни фудбалери, а многупати низ историјата Серија А ја споменувале како „лига на старци“.

Ова лето Наполи и Милан им помогнаа на „заговорниците“ за оваа тематика. Шампионот во своите редови го носи Кевин Де Брујне кој има 33 години и доаѓа бесплатно по истекот на договорот со Манчестер Сити. Од друга страна, Милан е пред потпис со Лука Модриќ кој вo септември ќе наполни 40 години.

Така некој духовит навивач решил да направи анимирана илустрација во која посочува на тоа дека двајцата се веќе пензионери, а на фотката е додаден и Хенрик Михтарјан од Интер кој има 36 години и беше централна фигура во тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани