Фаџоли направил коцкарски долг од 3 милиони евра, па добил закани: Ќе ти ги искршиме нозете!

by
1 минути читање

Николо Фаџоли доби
седум месеци суспензија откако се договори со обвинителството, односно го
призна делото, целосно соработувал со властите и изразил желба да се лечи од
зависност од обложување.

Медиумите од
Италија сега пренесуваат дел од исказите на фудбалерот пред обвинителот, почнал
да се обложува од забава и „да тепа слободно време“, но потоа станал зависен и
опседнат.

До септември 2022
година, веќе направил долг од 250.000 евра, а во иднина работите станале само
потешки. Тој почнал да се обложува на фудбал (се правдал дека никогаш не се
обложувал на Јувентус и Кремонезе) и долгот стигнал до 3 милиони евра, сериозен
проблем со оглед на тоа дека во дресот на „старата дама“ заработува околу 1
милиони евра годишно.

Како растел
долгот, пристигнувале и закани: „Ќе ти ги искршиме нозете!“

Позајмувал и пари
од соиграчи, земал по 40.000 евра од Гати и Драгушин, ги лажел дека му се за
накит, а со парите купил скапи часовници, кои ги дал како залог за долгот.

Дното го допрел на
мечот помеѓу Сасуоло и Јувентус, „Само што го напуштив теренот почнав да плачам
пред камерите, мислев на моите проблеми со коцкарскиот долг“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×