Фабрегас во Интер делува комплицирано, планот Б чини само 500.000 евра

by bojan
1 минути читање
Фабрегас, Комо

Од таборот на Комо порачуваат дека Сеск Фабрегас останува, Интер не губи надеж но зделката е комплицирана па „нероаѕурите“ полека размислуваат за ангажман на Патрик Виеира за нов тренер.

Сеск Фабрегас е првиот избор на Интер за наследник на Симоне Инзаги, одредени медиуми попладнево дури објавија дека двете страни си подале рака.

Сепак, Комо не сака да се откаже од младиот стратег и попладнево претседателот Мирван Суварсо порача дека Шпанецот останува.

„Имаме долгорочен проект кој го градиме околу Сеск Фабрегас, тој нема да го напушти клубот“ – рече Муварсо на настан во Лондон.

Покрај ова, има и уште еден бирократски проблем, во моментов Сеск Фабрегас е малцински сопственик во Комо, па за да стане тренер на Интер, ќе мора да ги продаде акциите.

Па затоа Интер полека размислува за планот Б и ангажман на Патрик Виеира, со кого веќе е остварен формален разговор.

Се шпекулира дека неговата слобода чини 500.000 евра, сума која „нероаѕурите“ ќе ја платат без проблем.

ФОТО: X/FC Como

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани