Фабрегас: Уште си праќаме пораки со Мурињо, го гледам како пријател, со Гвардиола не зборувам

by
1 минути читање

Сеск Фабрегас ја имаше честа да работи со можеби двајцата најдобри тренери на денешницата, Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола. Во интервју за „Тот Коста“, 33-годишниот играч на Монако раскажува дека е во далеку подобар однос со Португалецот со кој останал пријател.

По три години минати во Барселона каде играше под водство на Гвардиола, Фабрегас замина во Челси каде остана пет години, таму под водство на Мурињо ја освои Премиерлигата.

„Мурињо беше тој кој ме инспирираше да ја напуштам Барса. Бевме ривали кога тој беше во Челси а јас во Реал Мадрид, па и кога тој беше тренер на Реал Мадрид, а јас играв за Барселона, но тоа заврши таму. Тој ми кажа за проектот во Челси и јас предност дадов на професионализмот и прифатив. Денес се уште си пишувам со него, го гледам како пријател, ми помогна многу во тоа време и можеби под негово водство ја одиграв една од најдобрите мои сезони“, вели Фабрегас.

„Со Гвардиола немам зборувано откако се разделивме. Има работи кои се случија и за кои не сакам да зборувам. Тој ми беше идол од детството, веројатно и личноста од која имам највеќе научено како фудбалер и тоа е тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани