Фабрегас потврди, Деле Али ќе почне да тренира со Комо

by riste
1 минути читање

Играчот кој требаше да биде ѕвезда на англискиот фудбал и Тотнем, Деле Али во моментов е во Италија, во Комо со кој ќе почне да тренира.

Деле Али вчера беше виден на трибините на мечот меѓу Комо и Рома кој домаќините го добија со 2-0.

Англичанецот не беше случајно на трибините. Тој ќе почне да тренира со Комо, а дали ќе потпише за италијанскиот тим, тоа ќе зависи од него.

„Се сретнав со него, тој ќе може да тренира со нас по Божиќ, но само за да се врати во форма“, рече Фабрегас.

Англичанецот кој поради психолошки проблеми речиси и си ја уништи кариерата, ќе добие шанса да се врати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани