Фабрегас најави засилување за Милан: Слушам дека…

by bojan
1 минути читање
Фабрегас

Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас вели дека Јусуф Фофана од Монако ќе се пресели во Милан, има многу пофални зборови за фудбалерот од средниот ред.

„Росонерите“ имаат неколку трансфер цели ова лето, Џошуа Зиркзе е идентификуван како засилување за нападот, а една од опциите за средниот ред е Јусуф Фофана од Монако.

Во разговор со БиБиСи, Сеск Фабрегас вели дека добро го познава играчот, не му е јасно зошто клубови од Премиерлигата не пројавуваат интерес и порача дека од она шго го слушнал, Французинот ќе заврши во Милан.

„Го познавам добро, играв со него. Се работи за динамичен и силен фудбалер. Добар е со топката, агресивен, одличен во скок играта, со други зборови модерен „бокс то бокс“ фудбалер“ – вели тренерот на Комо.

„Мислам дека одлично ќе се вклопи во Премиерлигата и не ми е јасно зошто Манчестер јунајтед или некој друг не го купи“.

„Слушам дека ќе оди во Милан, ќе му се придружи на Фонсека, двајцата се познаваат од Франција“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани