Фабрегас е визионер, погледнете што прави Комо при пеналите (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Натпреварот меѓу Наполи и Комо во саботата во Серија А заврши без голови, но на Апенините и понатаму се зборува за една необична ситуација при изведувањето на пеналот за гостите.

Комо ја имаше најголемата шанса на мечот преку Алваро Мората кој не успеа да погоди од белата точка, но вниманието го привлече потегот на тренерот Сеск Фабрегас. Шпанецот постави играч на кратката страна од шеснаесетникот, со идеја да реагира во случај голманот да одбрани. Ваквата поставеност беше дел од јасна тактичка шема што изненади и многумина ја оценија како иновативна.

Иако изгледаше чудно, ваквиот потег не е против правилата на играта. Дозволено е играчот да стои надвор од шеснаесетникот, на најмалку 9.15 метри од точката на пеналот и зад линијата на ударот, што значи дека Фабрегас формално не го прекрши правилникот.

Мората не реализираше, а натпреварот заврши со резултат 0-0, но „скемата“ на Фабрегас стана една од најкоментираните теми во италијанските медиуми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×