Фабио Канаваро „извиси“ за селекторско столче и ќе бара утеха во Русија?

by 24 фудбал
1 минути читање

Фабио Канаваро е блиску до тоа да стане нов тренер на ЦСКА Москва. Според најновите информации на италијанскиот инсајдер Николо Шира, рускиот клуб му понудил двегодишен договор на поранешниот светски првак, а преговорите веќе се во напредна фаза.

Ако дојде до договор, Канаваро ќе го наследи српскиот стратег Марко Николиќ, кој замина по само една сезона во која го освои Купот на Русија. По неговото заминување, претседателот на клубот, Евгениј Гинер, веднаш ја презеде иницијативата и го насочи фокусот кон италијанскиот тренер. Канаваро има богато меѓународно искуство, иако неговата последна епизода на клупата на Динамо не заврши според очекувањата. Откако во јануари ја презеде екипата со амбиции за титула, оствари седум победи, два ремија и пет порази, па брзо доби отказ.

Иако во еден момент се споменуваше како опција за селектор на Италија, таа улога сепак ќе му припадне на неговиот поранешен соиграч Џенаро Гатузо.

Во случај на финален договор, Канаваро ќе стане првиот Италијанец на кормилото на ЦСКА во историјата на клубот. Московскиот гигант ја заврши сезоната на третото место со 59 бода, седум помалку од шампионот Краснодар. Меѓутоа, поради суспензијата од УЕФА по руската инвазија врз Украина, ЦСКА останува надвор од европските натпреварувања, што дополнително ги комплицира амбициите на тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×