Езе човек на одлука, Арсенал се врати на победите во трката за титулата во ПЛ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Арсенал се вратија на победнички пат во вистински момент, откако го совладаа Њукасл со 1-0 на „Емирати“ во дербито од 34. коло во Премиер лигата.

Избраниците на Микел Артета ја оправдаа улогата на фаворити, иако гостите подобро го отворија мечот. Клучниот момент се случи по корнер, кога Еберечи Езе погоди за водство, по асистенција на Каи Хаверц.

До крајот, Арсенал ја контролираше играта и не дозволи изненадување, иако Сандро Тонали имаше добра шанса за израмнување. Во вториот дел темпото беше послабо, но домаќинот сигурно ја зачува предноста.

Со оваа победа, Арсенал повторно е на врвот на табелата со предност пред Манчестер Сити од три бода, но со натпревар повеќе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×