Роберто Манчини
го загуби првиот посериозен тест на кормилото на „Аѕурите“, Италија
капитулираше на гостувањето во Ница.
Франција поведе
веќе во 8. минута, одбраната на гостите не беше на потребното ниво а Умтити од
неколку метри ја затресе мрежата за 1-0.
По половина час
игра веќе беше 2-0. Лукас Ернандез претрча 50-на метри, продре во
шеснаесетникот и иако немаше никаква опасност по голот на Италија бидејќи
левиот бек немаше со кого да проигрува, дебитантот Мондрагора неспретно
реагираше и направи пенал кој беше реализиран од страна на Гризман.
Пред финишот на
првиот дел Бонучи намали на 2-1, дефанзивецот налета на одбиената топка по
слободниот удар на Балотели и го совлада Хуго Лорис.
Конечните 3-1 беа
поставени во 63. минута, Дембеле постигна еврогол и од работ на шеснаесетникот
пласираше неодбранливо во аголот.