178
Во дуел на двете
екипи кои немаат пораз по ре-стартот на фудбалот во Италија, Милан и Аталанта
ги поделија бодовите.
Резултатот беше
отворен во 14. минута, Чалханоглу од слободен удар постигна еврогол за 1-0.
На спротивната
страна, еден неспретен старт на Биља им даде шанса на гостите да изедначат од
пенал, но Малиновски лошо биеше а Донарума одбрани.
Сепак, во 33. минута,
Запата се најде во гол шанса по една одбиена топка и реализираше за 1-1.
Во продолжението
од мечот, двете екипи се обидоа да стигнат до трите бода, најблиску беа домаќините,
Бонавентура ја погоди стативата.