Евертон првпат во историјата на ПЛ сака да купи играч од Ливерпул!

by 24 фудбал
1 минути читање

Според информации на „Скај Спортс”, Евертон работи на трансфер кој би влегол во историјата на Премиер лигата – во фокусот е талентираниот Бен Доак од Ливерпул.

Ако се реализира зделката, Доак ќе стане првиот фудбалер што од Ливерпул се преселил во Евертон откако во 1992 година е формирана Премиер лигата. Последен што направил ваков трансфер беше Гери Аблет, но тоа се случи непосредно пред промената на форматот.

Доак (19), шкотски репрезентативец, минатата сезона настапуваше на позајмица во Мидлзбро, каде остави одличен впечаток. За него интерес покажаа и Ипсвич и Кристал Палас во јануари, но Ливерпул ги одби понудите.

Сега останува прашањето дали клубот од „Енфилд“ ќе се реши да го продаде еден од најперспективните млади играчи во редовите на својот најголем градски ривал.

Од другата страна, последен што директно премина од Евертон во Ливерпул беше Абел Хавиер во 2002 година.

Фото: Liverpool FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани