Голем скандал ја тресе Италија, Николо Заниоло, Сандро Тонали и Николо Фаџоли се обвинети дека се обложувале.
Портив овие тројца фудбалери е покрената истрага, а доколку се покажат како виновни, може да добијат тригодишна суспензија.
Евентуалната суспензија нема да важи само за Италија иако ќе ја изрече Италијанската фудбалска федерација. ФИФА ќе ја почитува одлуката и ќе биде гаранција дека таа ќе се почитува во секој дел од светот.
Напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тони беше суспендиран на осум месеци од Фудбалската федерација на Англија. Казната уште ја издржува.
Но, правилата во Италија се многу посериозни, според италијанските медиуми минималната казна за обложување на фудбалски натпревари од страна на фудбалери, тренери или членови на стручниот штаб, е суспензија од три години.
За Заниоло може да биде уште полошо доколку се потврдат обвинувањата дека тој се обложувал на меч од Купот на Италија на натпревар на кој и самиот бил играч во дресот на Рома.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.