Eве како изгледа примената на едно новите правила на ФИФА, Јапонија го искористи и даде гол (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

ФИФА денеска и официјално ги потврди најавените новите правила што ќе важат на претстојното Светско првенство, а за едно од нив веќе видовме како ќе изгледа примената.

Во пријателскиот натпревар меѓу Исланд и Јапонија, исландскиот репрезентативец Кристијан Хлинсон не го напушти теренот во предвидениот рок од по извршената измена. Според новите прописи, играчот мора да ја напушти играта во рок од десет секунди откако ќе биде заменет.

Поради непочитувањето на правилото, судијата не му дозволи на резервниот фудбалер веднаш да влезе во игра, па Исланд во следната минута настапуваше со играч помалку.

Јапонската селекција брзо ја искористи бројчаната предност. Токму во тој период беше постигнат и единствениот гол на натпреварот, кога Коки Огава ја затресе мрежата по додавање од Јукинари Сугавара. Погодокот се покажа како решавачки, а Јапонија на крајот славеше минимална победа од 1:0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×