Аматерскиот состав на Оукленд од Нов Зеланд стигна до историски прв бод на Светското клупско првенство, ремизирајќи 1-1 против аргентинскиот гигант Бока Јуниорс.
Иако веќе беа елиминирани по убедливите порази од Баерн (10-0) и Бенфика (6-0), ремито со Бока беше вистинска сензација за тимот кој функционира на полупрофесионално ниво – резултат кој ги израдува како да избориле финале.
Оукленд е клуб во кој фудбалерите имаат редовни работи голманот Конор Трејси е магационер, додека во тимот има и агент за недвижности, инженер, фризер, наставник, оператор на машина, трговец, работник во фабрика…