Ето со зајадлив коментар предизвика бура: Анри не беше на моето ниво

by
1 минути читање

Самуел Ето и
Тјери Анри две години играа заедно во Барселона и беа дел од тимот кој
предводен од Пеп Гвардиола испиша историја и во сезоната 2008/09 стигна до
титулите во Ла Лига, Лигата на шампиони и Купот на Шпанија.

Но Камерунецот
очигледно нема големо мислење за својот поранешен соиграч и со зајадливи
коментари предизвика бура во фудбалската јавност.

„Мислам дека Тјери
Анри не беше на нивото на Николас Анелка. Да, тој беше добар фудбалер, но јас
преферирам неколку други“
– вели Самуел Ето.

„Во секој случај,
тој не беше на моето ниво“.

Тјери Анри летото
во 1999 пристигна во Арсенал како замена за Николас Анелка, кој пак се пресели
во Реал Мадрид.

Под водство на
Арсен Венгер, Тјери Анри се промовираше во еден од најдобрите напаѓачи во
Премиерлигата, додека пак Николас Анелка никогаш не го достигна нивото кое му
го предвидуваа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×