Поранешниот
напаѓач на Барселона, Самуел Ето вели дека Барселона би требало да си го
промени името на клубот во случај Меси да си замине од таму, сево ова доаѓа по
се’ погласните шпекулации
дека првата ѕвезда на тој тим би можел да си замине.
Меси беше дел од
составот на Каталонците во катастрофалниот пораз од 8-2 од Баерн Минхен во
четвртфиналето од Лигата на шампионите, по што Аргентинецот и дефинитивно го
отворил прашањето околу тоа дека можеби сега е вистински тајминг да си замине.
„Го сакам Меси
како да ми е син, го посакувам најдоброто за него. Барселона е Меси, а јас
сметам дека во случај Меси да одлучи да си замине, тогаш ние ќе мораме да го
промениме името на клубот“ вели Камерунецот за аргентинскиот тв канал
„ТиЦСпортс“.
„Ние сме среќни
поради него во Барселона, го имаме најдобриот фудбалер на светот на сите
времиња, мораме да сториме се’ што е можно за да се осигураме дека тој ќе ја заврши кариерата во
Барселона“ додаде Ето.
Меси има уште
една година од својот актуелен договор со Барселона, речиси и да нема дилеми
дека е во целост разочаран од начинот на кој клубот функционира изминатиов
период, а дополнителен проблем е секако и играта на теренот која воопшто не
наликува на каталонскиот гигант.