Ернандез: Аргентина е силна, но не му се плашиме на Меси!

by
1 минути читање

Аргентина против
Франција е финалето на мундијалот во Катар, многумина ова го гледаат како дуел
на Лео Меси и Килијан Мбапе.

Тео Ернандез ќе
биде еден од играчите кои ќе треба да ја сопре главната ѕвезда на „гаучосите“ и
левиот бек е полн со самодоверба.

„Аргентина има
одличен тим, се работи за силна репрезентација, но не му се плашиме на Меси“
–
вели фудбалерот на Милан.

„Натпреварот
против Мароко беше навистина тежок, но победивме и сега треба да мислиме на
финалето. Имавме еден неверојатен месец, секој ден работевме напорно за да стигнеме
до тука“.

„Уморен сум, но
чувството е прекрасно. Сега треба да се опоравиме и да бидеме 100% подготвени
за финалето“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×