Ерлинг Халанд против Англичаните играл болен?

by 24 фудбал
1 минути читање

Ерлинг Халанд не бил целосно подготвен за четвртфиналниот дуел со Англија на Светското првенство, тврди поранешниот англиски репрезентативец Тони Каскарино.

Според него, напаѓачот на Норвешка настапил и покрај вирусот што го мачел пред натпреварот, што би можело да го објасни неговото невообичаено слабо издание во поразот од Англија со 2-1 по продолженијата.

На полувремето добив информација од сигурен извор дека Халанд играл болен. Не изгледаше добро физички, а не беше заменет поради повреда. Верувам дека навистина се борел со вирус“, изјави Каскарино за „Токспорт“.

Неколку дена пред натпреварот се појавија информации дека вирус се проширил во таборот на Норвешка, но тогаш не беше откриено кои фудбалери биле погодени. Халанд остана на теренот до крајот на првото продолжение, по што селекторот Столе Солбакен го повлече од игра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×