Ериксен синоќа ја доби наградата за најдобар камбек во спортот на „Лауреус“ наградите кои се одржаа синоќа. Наградата е затоа што заработи срцев удар за време на Европското првенство во јуни 2021, а потоа успеа да му се врати на елитниот фудбал и да има голема улога во дресот на Манчестер јунајтед.
Клучна улога за спасувањето на животот на Ериксен имаше неговиот соиграч од репрезентацијата Кјаер кој реагираше брзо и заедно со докторите успеаа буквално да го вратат Данецот од мртвите.
Ериксен вели дека поддршката ќе му ја даде на Интер, бидејќи играше за овој тим.
„Не сум лут на Интер, заминувањето од таму беше единствената опција поради правилата во Италија, тие се поразлични од Англија, па не можев да продолжам да играм во Серија А“, вели Ериксен.
Правилата велат дека во Серија А е забрането да се игра со вграден дефибрилатор, нешто што е дозволено во Премиерлигата.
„Сакав да му се вратам на фудбалот и направив се што требаше за тоа да се случи“.
„Имам некои одлични моменти со Интер и добри спомени. Се надевам дека моите поранешни соиграчи ќе го поминат Милан во полуфиналето и ќе играат финале во Лигата на шампионите и покрај тоа што мојот пријател Кјаер игра за Милан. Ќе бидам тажен за него, но се надевам дека Интер ќе оди понатаму“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.