Кристијан Ериксен
е второ засилување за Манчестер јунајтед ова лето, Данецот пристигнува беспари
откако на почетокот од годината му се врати на фудбалот и одигра шест мсеци во
редовите на Брентфорд.
Брентфорд му
понуди нова соработка, интерес за неговите услуги пројави и Тотнем, но
Кристијан Ериксен се реши за авантура на Олд Трафорд.
„Манчестер
јунајтед е посебен клуб и со нетрпение чекам да ја почнам авантурата. Имав
привилегија во неколку наврати да играм на Олд Трафорд, но ќе биде прекрасно да
се игра во црвениот дрес на Манчестер јунајтед“ – вели Кристијан Ериксен.
„Видов каква работа
заврши Ерик тен Хаг во Ајакс и знам колку тој внимава на деталите. Јасно е дека
станува збор за фантастичен тренер. Откако разговарав со него и разбрав за
визијата и начинот на кој тој сака неговиот тим да игра, само ме направи
дополнително возбуден за иднината“.
„И понатаму имам
високи амбиции, знам дека можам да постигнам уште многу и ова е право место за
да го продолжам патувањето“.