Кристијан Ериксен
е на излезна врата од Интер по неполна година мината во дресот на италијанскиот
прволигаш по трансферот од Тотнем во јануари, а дека е така говори и неговата
разочараност од тоа што не добива прилика од својот тренер Антонио Конте.
„Ова не е тоа за
што јас сонував, сите фудбалери сакаат да играат што е можно повеќе, но на
крајот тренерот ја носи одлуката за тоа кој да биде на теренот“ изјави Ериксен
за „ТВ2“, а не ја отфрли можноста уште во јануари да си замине од Интер.
„Посветен сум
на мојот фудбал, на предизвиците кои се пред мене периодов, а што се отвори
преодниот рок за трансфери ќе видиме што ќе се случи“ додаде Данецот.
Ериксен запиша
само три настапи за „Нероаѕурите“ како стартер сезонава во Серија А, а не успеа
да заокружи ниту еден цел меч од истите, поради фактот што Конте го повлекуваше
од игра.