Ериксен: Манчестер јунајтед е многу, многу голем клуб, ако не и најголемиот

by
0 минути читање

Запрашан колку било големо значењето на разговорот со Тен Хаг за тој да потпише за Манчестер јунајтед, Ериксен рече: „Многу големо. Сакав да дојдам тука за да играм фудбал, не за да седам тука, сакам да играм“.

„Тоа што разговарав со тренерот, што ги слушнав неговите идеи, фудбалскиот разговор кој го имавме, доведе до одлуката да потпишам за Манчестер јунајтед“.

„Ми се допаднаа идеите на Тен Хаг, а во исто време сум во многу, многу голем клуб, ако не и најголемиот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани