439
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг вели дека ќе треба да почекаат 24 часа за да имаат појасна слика за повредите на Лени Јоро и Расмус Хојлунд, но се надева на позитивни вести.
„Ѓаволите“ утрово тестираа против Арсенал во Калифорнија, загубија со 2-1, но позагрижувачки е тоа што скапото летно засилување Лени Јоро, како и Расмус Хојлунд предвреме го завршија натпреварот поради повреди.
„Ќе треба да почекаме 24 часа а да имаме појасна слика“ – вели тренерот Ерик тен Хаг.
„Бевме внимателни, особено со Лени Јоро бидејќи тој одработи само 50% од тренинзите“.
„Мораше да го напушти теренот предвреме, но ајде да бидеме позитивни и да видиме што ќе се случи“.