Енрике за одлуката со која го налути Мбапе: Една од најдобрите во мојата кариера!

by
1 минути читање

„Светците“ одиграа 1-1 на гостувањето кај Борусија Дортмунд и обезбедија осминафинале во Лигата на шампиони, но ќе имаат пеколна ждрепка откако завршија на второто место во групата.

По крајот на натпреварот се говореше за тензија помеѓу Килијан Мбапе и Луис Енрике, напаѓачот се налутил на одлуката на тренерот да го спуштат темпото во финишот од мечот и да играат на сигурно.

Во пресрет на утрешното гостување кај Лил, Луис Енрике беше запрашан дали навистина наредил да играат на реми против Борусиај Дортмунд, и шпанскиот стратег одговори потврдно.

„Да, можам да потврдам, тоа беше една од најдобрите одлуки во мојата кариера. Апсолутно немаше потреба да ризикуваме и да примиме гол. Разбирам дека дел од фудбалерите беа незадоволно, но јас и мојот персонал така одлучивме“ – вели Луис Енрике.

„Целта беше да победиме, но ќе испадневме смешни доколку примевме гол во последните минути“.

„Тензијата и емоциите беа високи, но одлуката беше исправна“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×