Енрике сака уште посилен тим: ПСЖ може да плати 70 милиони евра за фудбалер од Премиер лигата

by Стефан
1 минути читање

Пари Сен Жермен ја освои Лигата на шампионите и ги собра сите можни домашни трофеи, но амбициозниот Луис Енрике не застанува тука, шпанскиот стратег има јасна намера дополнително да го засили својот состав.

Според информации од извори од Франција, голема желба на Енрике е дефанзивецот на Борнмут, Илија Забарни.

Украинецот оваа сезона блескаше во тандем со Дио Хјуисен, кој веќе направи трансфер во Реал Мадрид за 58 милиони евра, но според последните најави, Борнмут за Забарни бара уште повеќе, дури 70 милиони евра.

Парижаните немаат проблем со финансиите и можат да платат толку, но останува да се види дали Енрике навистина толку многу го посакува овој 21-годишен стопер.

Забарни потекнува од школата на Динамо Киев, а во Борнмут пристигна во јануари 2023 година за 22,5 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани