Пари Сен Жермен под водство на Луис Енрике стигна до историски успех и за првпат во своето постоење стана шампион на Европа. Во финалето на Лигата на шампиони, францускиот гигант го декласираше Интер со убедливи 5-0 – највисока победа во историјата на финалните пресметки во ова елитно натпреварување.
Со оваа победа, ПСЖ ја заокружи сезоната со тројна круна, а за Енрике ова беше вторпат во кариерата да го направи овој подвиг – првиот пат тоа го стори со Барселона во 2015 година, кога на врвот на Европа ја искачи генерацијата предводена од Меси, Нејмар и Суарез.
Покрај тактичкиот печат што го остави на играта на парижани, шпанскиот стратег ја освои и фудбалската јавност со гест на фер-плеј во завршницата од финалето. Додека неговите фудбалери славеа со трофејот, Енрике од подиумот ги забележа разочараните фудбалери на Интер и веднаш им аплаудираше – потег што наиде на бројни пофалби на социјалните мрежи, каде снимката од моментот стана вирална. По натпреварот, Енрике кратко се осврна и на тој чин:
„Фудбалот не е само победи и трофеи. Респектот кон противникот е исто толку важен“, изјави новиот европски шампион.
L’énorme respect de Luis Enrique envers les joueurs de l’Inter Milan #PSG pic.twitter.com/3W4tPOctJA
— ParisTeam (@Paristeamfr) June 4, 2025