Енрике искрен: Почетокот на сезоната ни е катастрофален!

by Стефан
1 минути читање

Сезоната за ПСЖ започна со триумф над Астон вила во Суперкупот на УЕФА, но потоа работите тргнаа во надолна линија за избраниците на Луис Енрике.

Францускиот шампион во Лига 1 запиша две нерешени средби, против Рен и Лил, а потоа загуби и од Монако. По овие резултати, ПСЖ се наоѓа дури на 14. место на табелата пред почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите.

Токму Париз вечерва гостува Слован Братислава, кој ќе има голема мотивација да се докаже против актуелниот европски шампион и да се обиде да ја искористи моменталната криза во францускиот тим.

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, признава дека почетокот на сезоната не е ниту приближно онаков каков што очекувале во клубот.

„Кога станува збор за резултатите, почетокот на сезоната е катастрофален. Се обидуваме да извлечеме поуки од сè што се случува на теренот. Постојат работи кои мора да ги поправиме. Сметам дека заслужуваме повеќе бодови, но фудбалот е таков и мора да го прифатиме тоа. Работиме за да бидеме подобри“, изјави Енрике.

Шпанецот посебно ја истакна потребата од поголема концентрација во одбраната.

„Мораме да ја подобриме ефикасноста, но и способноста да останеме фокусирани во текот на целиот натпревар“, порача тренерот на ПСЖ.

Во Париз, пак, не сакаат да се задоволат со освоените две последователни титули во Лигата на шампионите. Амбициите и понатаму се највисоки.

„Сакам да покажеме дека секој ден мора повторно да се пронаоѓаме и да напредуваме“, јасен е Енрике.

ПСЖ и Слован играат вечерва од 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×