Ендрик ги одреди условите под кои ќе го напушти Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање

Ендрик ја отвара вратата за трансфер во зимскиот преоден рок, младиот напаѓач сепак поставил неколку услови за заминување од „Бернабеу“.

Ендрик е во втор план кај Чаби Алонсо, младиот напаѓач нема одиграно ниту една минута оваа сезона, па се почесто се говори за негово заминување и позајмица во јануари.

Како што пренесува ЕСПН Бразил, Ендрик ја отворил вратата за заминување од „Бернабеу“, но поставил серија услови.

Тој ќе замине само за клуб од топ 5 првенствата во Европа, во опција е и Португалија, но предлогот мора да биде од трите гиганти – Порто, Спортинг и Бенфика.

Исто така, клубот мора да игра во Европа, да се бори за врвот во домашното првенство и да негува офанзивен фудбал.

Останува да се види дали младата ѕвезда ќе најде клуб кој ќе му ги исполни сите овие барања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×