Емотивниот Пауло Бенто веќе не е селектор на Јужна Кореја

by
1 минути читање

Селекцијата на Јужна Кореја со својата игра освои многу симпатии, тргнаа отворено и против Бразил, но на дуелот со „кариоките“ беа лесно победени.

Јужна Кореја го сака Пауло Бенто, раководството, фудбалерите и навивачите го почитуваат, но тој веќе решил дека ќе направи промена.

„Честитки за моите играчи кои дадоа се што имаат. Не само на ова Светско првенство, туку и на целиот пат до Мундијалот. Многу сум горд и среќен на нив. Сепак, морам да кажам дека јас нема да останам во Кореја. Ова им го соопштив на играчите и претседателот на Фудбалската федерација. Оваа одлука ја донесов во септември, сега само ја потврдувам“, изјави Пауло Бенто.

Португалецот со голема пасија ја водеше селекцијата на Јужна Кореја, дури доби и суспензија за време на Светското првенство, па не беше на клупата на мечот против Португалија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани