Емотивен момент, Шчесни мораше да го теши расплаканото синче по елиминацијата на Полска (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Војчех Шчесни
беше еден од хероите на Полска на мундијалот во Катар, тој е единствениот
голман кој успеа да одбрани два пенали и со своите интервенции помогна неговата
репрезентација да се пласира во осминафиналето.

Но против Франција
тој не можеше да помогне за ново чудо, Килијан Мбапе се погрижи  Полјаците да ги спакуваат своите куфери.

По крајот на натпреварот,
Војчех Шчесни имаше емотивен момент, мораше да го теши свото расплакано синче
Лиам, кое специјално дојде во Катар да го бодри свјот татко во нок-аут фазата,
но гледаше само како Полска е елиминирана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани