Емоциите беа огромни: Погба се расплака додека го потпишуваше договорот со Монако! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

По 18 месечна суспензија поради допинг, Пол Погба и официјално му се врати на фудбалот откако потпиша договор со Монако.

Тој стави потпис на двегодишен договор, а додека го потпишуваше прсна од плач. Емоциите беа пресилни поради тоа што му се случуваше во изминатиот период.

„Ова ми значи се. Поминав низ многу мрачни денови, но верував дека ќе се вратам. Монако ми даде шанса и нема да ја прокоцкам“, рече Погба.

Погба во август 2023 година падна на допинг тест и првично беше суспендиран на четири години, но потоа казната му се намали на 18 мееци и доби прилика да е врати. Последниот официјален натпревар Французинот го одигра во дресот на Јувенту пред 658 дена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×