Емоции до небо: Победа за починатата ќерка на Луис Енрике!

by riste
1 минути читање

Луис Енрике по вторпат ја освои Лигата на шампионите, овојпат тоа го направи со ПСЖ откако со 5-0 го совлада Интер во финалето од Лигата на шампионите.

Првпат ја освои титулата со Барселона, тоа беше во 2015 година. Тогаш на големиот трофеј се радуваше со својата ќеркичка Хана.

Четири години подоцна Луис Енрике го доживеа најтешкиот момент во неговиот живот. По борба со тешка болест, Хана почина.

„Мојата ќерка дојде на земјата да живее со нас 9 прекрасни години и таа засекогаш ќе биде жива зашто ја паметиме. Ксана не е тука во физичка смисла, но таа ќе биде тука со нас духовно, секогаш“, изјави своевремено Енрике.

Навивачите на ПСЖ денеска му посветија транспарент како Енрике го става знамето на центарот, а до него е неговата ќерка. Самиот Луис Енрике на прославата облече маичка од својата ќерка како го поставува знамето на ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани