Емилијано Мартинез платил 20.000 фунти и купил куче кое ќе му ги чува трофеите освоени во Катар

by
1 минути читање

Фудбалерите често се мета на крадци, многумина најмуваат приватно обезбедување, но некои се одлучуваат на алтернативни решенија.

Еден од нив е Емилијано Мартинез, кој во својот дом сега ќе има нови два скапоцени предмети, односно шампионскиот медал од мундијалот од Катар и трофејот за најдобар голман на Светското првенство.

Тој се решил да купи куче од расата Белгиски овчар Малиноа, кое поминало низ специјална обука и чини дури 20.000 фунти.

Оваа раса на кучиња ја користат британските специјални сили, како и елитните единици на американската морнарица, се шпекулира дека токму Белгиски овчар Малиноа бил користен при операцијата во која бил убиен Осама бин Ладен.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани