Емилијано Мартинез го комплетираше трансферот во Астон Вила (ФОТО)

by
1 минути читање

„Асто Вила со задоволство може да соопшти дека потпиша договор со Емилијано Мартинез од Арсенал. 28-годишниот голман кој го крена пехарот од ФА Купот со топчиите минатата сезона се согласи на четиригодишен договор“, стои во соопштението на Астон Вила.

Астон Вила за Мартинез на Арсенал му плаќа 16 милиони фунти кои со бонуси можат да достигнат до 20 милиони фунти.

За жал заминувањето на Мартинез од Арсенал нема да значи и поголема шанса за нашиот Дени Илиев бидејќи топчиите веќе преговараат со Дижон за ангажман на нивниот голман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×