Емерсон за кошмарот во родниот Бразил: Господ ме чуваше, разбојникот тргна да пука кон мене и…

by
1 минути читање

Минатата недела, Емерсон
беше мета на разбојник, кој му се заканил со пиштол и побарал да му го даде
часовникот и сите останати вредни предмети. Во целата ситуација се вмешал и
полицаец кој не бил на должност, настанала пресметка, биле испукани најмалку 26
куршум и за среќа фудбалерот и останатите останале живи.

Десниот бек на
Тотнем сега ракажа што точно се случувало и откри како избегнал сигурна смрт.

„Се забавуваме во
ноќен клуб на еден пријател. Нешто пред 3 часот тргнавме да си одиме дома, мојот
автомобил беше на паркингот преку улицата. Кога пристигнав на паркингот, пред
мене се појави разбојник, ми впери пиштол во глава и ми рече, „Дај ми ги
часовникот и ланчето““
– открива Емерсон.

„Му реков, „Смири
се, смири се, ќе ти дадам се што сакаш“. Кога му ги дадов работите, тој тргна
да пука кон мене. Јас го турнав, му го удрив пиштолот и испука во воздух. Тој
потоа го загуби балансот, полицаецот се вмеша и го погоди“.

„Господ ме чуваше,
не чуваше сите. Имаше околу 15 луѓе на мал простор, тој испука помеѓу 17 и 19
куршуми и за среќа никој не беше погоден“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×