Емери се враќа во Премиерлигата?

by
1 минути читање

Астон Вила силно се интересира за Унаи Емери, тој е фаворит за наследник на Стивен Џерард кој неодамна беше отпуштен.

Според англиските медиуми, Емери сака да се врати во Премиерлигата и е подготвен да ја прифати понудата од Астон Вила.

Во наредните денови ќе се одржат клучните преговори меѓу двете страни.

Неговото заминување од Виљареал нема да биде проблем, тој има откупна клаузула од 6 милиони евра, Астон Вила е подготвена да ја плати сумата.

За Емери ова би било враќање во Премиерлигата откако претходно беше тренер на Арсенал.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×