Елмас заигра во нова улога за Наполи, Конте го пофали

by 24 фудбал
1 минути читање

Ељиф Елмас доби шанса уште во првото полувреме на натпреварот меѓу Наполи и Комо кој заврши без голови (0-0) во рамките на Серија А, откако мораше да го замени повредениот Били Гилмур. Македонскиот репрезентативец заигра во нешто подефанзивна улога од вообичаеното, но целосно ја оправда довербата на Антонио Конте.

По натпреварот, тренерот на Наполи на прес-конференцијата не го криеше задоволството од настапот на Елмас.

Измените ни донесоа доста. Ељиф Елмас имаше врвен перформанс во новата улога на теренот, а исто така добар беше и Гутиерез. Кога влегоа во игра ни помогнаа во повеќе сегменти. Среќен сум за одиграното од страна на Елмас“, изјави Конте.

Елмас по враќањето во Наполи од германската авантура запиша девет настапи оваа сезона, но сè уште го чека првиот погодок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×