Елмас стрелец, Наполи закажа дуел со Аталанта во полуфиналето од Купот на Италија (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Наполи и Елиф
Елмас се последни учесници во полуфиналето од Купот на Италија, избраниците на
Гатузо закажаа дуел со Аталанта откако вечерва со 4-2 ја совладаа Специја.

Во извонредно
прво полувреме, Кулибали го отвори резултатот по пет минути игра, Лозано
зголеми на 2-0 во 20. минута, Политано реализираше за 3-0 по половина час игра
а во финишот на првиот дел, Елиф Елмас погоди за 4-0.

Наполи не беше
расположен за надигрување во продолжението од мечот, па гостите за три минути
постигнаа два гола преку Гјаси и Акампора, но тоа беше се што направија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×