Елмас со контроверзна објава го навлече гневот на навивачите на Наполи (ФОТО)

by
1 минути читање

Со заминувањето на Лоренцо Инсиње и Дрис Мертенс, се чинеше дека Елиф Елмас оваа сезона ќе има поголема улога, но новото засилување Хвича Кварацхелија игра во страшна форма и ужива поголема доверба кај Лучано Спалети а Македонецот има ограничена минутажа.

Очигледно на Елиф Елмас не му се допаѓа ваквата ситуација па испрати провокација до тренерот на Наполи и на социјалните мрежи објави фотографија од клупата и напиша: „Мојата прва љубов (клупата)“.

На навивачите на Наполи не им се допадна ова, нивниот тим игра фантастично и во Серија А и во Лигата на шампиони, па сметаат дека нема потреба за ваков „земјотрес“.

Исто така има фанови кои сметаат дека Елиф Елмас треба да ја наведне главата, да работи уште понапорно и со добри партии да се наметне кај Лучано Спалети.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×