Елмас: Сакам да го освојам Скудетото со Наполи, а со Македонија да играм на ЕП и СП

by
1 минути читање

Како поранешен играч на Фенербахче, за Елмас се уште се зборува во Турција. Но сега целите на нашиот фудбалер се со Наполи.

„Четири години сум во Наполи и сакам нов трофеј. Ама, овојпат ќе направиме сè за ‘скудетото’. Сакаме и можеме да им ја подариме таа шампионска радост на сите во Неапол. Ќе дадеме сè во Серија А и во ЛШ, а на крај се надевам и верувам дека ќе бидеме шампиони. Во Наполи е забавно, покажавме фантастичен фудбал, уживаме, одигравме навистина извонредни мечеви и во ЛШ и во Серија А. Живееме во прекрасен момент, но мора да гледаме напред и да не застануваме. Сакаме да продолжи авантурата во ЛШ, нормално. Имаме големи цели“, вели Елмас.

„Што се однесува до Македонија, мојата цел е да играме на следното Европско првенство, како и на следното Светско првенство“.

Елмас вели дека во финишот од кариерата сака да се врати во Турција.

„Јас ја сакам Турција и размислувам да се преселам тука. Сакам да ја завршам кариерата во Турција“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани