Шампионот Јувентус тргнува на свој терен против Сампдорија, Интер му гостува на новиот член на Серија А, Беневенто, Милан ја пречекува Болоња.
Во првото коло дерби дуел ќе биде мечот меѓу Лацио и Аталанта.
Поинтересно ќе биде во второто коло кога Елмас и Пандев имаат пресметка, македонскиот капитен му гостува на својот поранешен клуб. Во второто коло е и дерби пресметката меѓу Рома и Јувентус.
Во третото коло има два големи дерби меча, Јувентус – Наполи и Лацио Интер.
Новата сезона почнува на 20. септември, ова се двојките за првото коло:
Беневенто – Интер
Фиорентина – Торино
Џенова – Кротоне
Јувентус – Сампдорија
Лацио – Аталанта
Милан – Болоња
Парма – Наполи
Сасуоло – Каљари
Удинезе – Специја
Верона – Рома
Целиот распоред за новата сезона од Серија А можете да го погледнете на овој ЛИНК.