Елмас: Носењето на капитенската лента на Наполи беше посебна емоција за мене

by
1 минути читање

Наполи во променет состав настапи на мечот со Јуве Стабија, а честа да ја носи капитенската лента ја доби Елиф Елмас.

„Ова беше многу убаво попладне и за мене беше посебна емоција да ја носам капитенската лента“, изјави Елмас по мечот.

„Фановите беа прекрасни, дојдоа и ни дадоа поддршка на ваков пријателски меч, им благодарам“.

„Среќен сум со новите засилувања, тоа се фудбалери со многу квалитет кои ќе бидат значајни за нас. Верувам дека оваа група на фудбалери може да достигне престижни цели и е проектирана за во иднината“.

„Сега треба да се соочиме со Фиорентина и од утре ќе работиме напорно за да се вратиме со позтивен резултат од Фиренца против силен тим“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×